Донесен Закон за заштита на приватноста: Затвор за објавување прислушкувани материјали кои повредуваат лична и семејна приватност

Донесен Закон за заштита на приватноста: Затвор за објавување прислушкувани материјали кои повредуваат лична и семејна приватност

Собранието донесе Закон за заштита на приватноста, со кој се забранува поседување, обработка, јавно објавување и располагање на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година, вклучувајќи и нивно користење и располагање во изборен процес, политички и други цели и постапки.

sobranie_sednica_6_1

Законот предвидува и затворски казни за „Тој што ќе објави прислушувани или тонски снимани разговори или делови од нив или нивни транскрипти, со кои се врши повреда на приватноста на личниот и семејниот живот“ (од еден месец до една година), како и за „Тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушувана или тонски снимана“ (затвор до една година) – доколку содржината на разговорот ја нарушува приватноста на личниот и семејниот живот (оваа одредба не се однесува на разговор или изјава која претставува јавен интерес).

Законот е донесен на 19.05.2016 год. во 17.40 мин., од 63 пратеници, а ќе отпочне да се применува од 1 јули 2017 година.