Домашно куче нападна и искаса до смрт тримесечно бебе

Домашно куче нападна и искаса до смрт тримесечно бебе
12.09.19   15:59

Прочитано : 2,613

Print This Article

Тримесечно бебе го загуби животот откако беше нападнато и искасано до смрт од домашно куче во домот на семејството во една атинска населба, jави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите на грчката новинска агенција АНА-МПА, од полициски извори, под неразјаснети околности, кучето од расата ротвајлер ненадејно го нападнало девојчето и го гризнало на неколку места.

Бебето е пренесено в болница каде што била констатирана смрт.

  Категории: