ДОМ: Со вонредни инспекции да се заштити животната средина и здравјето

ДОМ: Со вонредни инспекции да се заштити животната средина и здравјето

 

Зелената партија ДОМ апелира до инспекторатите за животна средина и комуналната инспекција да спроведуваат вонредни контроли и да ги санкционираат активностите кои ја загадуваат животната средина. Загрижуваат информациите споделени на социјалните мрежи за загадување на водата во т.н. Усјански канал, како и за неконтролирано одлагање градежен шут на повеќе локации во Скопје, особено во општините Ѓорче Петров и Гази Баба.

За да се овозможи поефикасна инспекциска контрола, бараме во најкус временски рок, на инспекторите за животна средина и комуналните инспектори да им се издаде одобрение за движење за време на полицискиот час.

Животната средина е директно поврзана со здравјето на граѓаните. Во овој период кога се соочуваме со најголемата здравствена закана предизвикана од коронавирусот, неопходно е да се спроведуваат сите мерки за заштита на животната средина.