ДОМ: Европските Зелени предлагаат итна Резолуција за Македонија

ДОМ: Европските Зелени предлагаат итна Резолуција за Македонија
8.11.19   14:33

Прочитано : 102

Print This Article

Соопштение на ДОМ:

Делегација на зелената партија ДОМ, предводена од претседателката Маја Морачанин, во која се и потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска и претседателот на Комисијата за надворешна политика Емил Крстески, учествува на 30-тиот Совет на Европските зелени во Тампере, Финска.

Во рамките на работата на Советот, од Комитетот на Европските зелени е предложена итна Резолуција за отпочнување на пристапните преговори на ЕУ со С. Македонија и Албанија, за која ќе се расправа и ќе се гласа на утрешната сесија.

Зелените партии на Советот ќе дискутираат и за глобалните климатски промени, за позицијата и улогата на Европските зелени во глобалниот систем, како и за потребата од итна акција за справување со климатските промени.

Делегацијата на ДОМ на собирот во Тампере, ќе учествува и во гласањето за избор на новото раководство на Европската зелена партија.

 

  Категории: