Договор во Пржино нема. Ахмети и Тачи на страната на Груевски

Договор во Пржино нема. Ахмети и Тачи на страната на Груевски
16.01.16   01:13

Прочитано : 9,428

Print This Article

Договор на партиските лидери на средбата со еврокомесарот Хан околу прашањето “Исполнето ли е договореното во Пржино за регуларни и фер избори на 24 април годинава“ сеуште нема.

johanes han1

Либертас од извори вклучени во преговарачкиот тим дознава дек владеачките ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ односно Груевски и Ахмети и нивниот приврзок од ДПА Тачи го убедуваат еврокомесарот Хан и амбасадорите на САД и ЕУ дека услови за такви избори имало а опозициската СДСМ изнела дузина аргументи дека заради опструкциите од власта избирачкиот список не е ни почнато со пречистување, реформите во медиумите не се почнати,власта ја опструира работата н специјалната обвинителка Катица Јанева.

Нашиот извор вели дека се поизвесно е дека ноќва нема да има договор имајќи предвид дека Груевски Ахмети и Тачи од една страна и Заев од другата, не ги поместуваат своите ставови.
Странските олеснувачи прават се, поблиску се до ставот дека многу малку од обврските во Пржино се завршени,но договор кога на регуларни избори сепак требa да постигнат партиските лидери.

  Категории: