Доделени обогодинешните награди „Гоце Делчев“

Доделени обогодинешните награди „Гоце Делчев“
4.05.16   22:22

Прочитано : 455

Print This Article

Кој ни дал право да се делиме ние Македонците, на сте и сме, а не сте и не сме ни соседски сеништа од минатото ни фаланги од матни истории, да се делиме на стари и нови, на леви и десни, на послушни и непослушни, на патриоти и предавници на делото?

13180933_10156821471765368_397534106_n

Дали во кој било гоцев запис, спомен, дело, ќе најдеме макар и трошка трага од зборот „мрази“ кого било братот свој, Македонецот, Турчинот, Албанецот, кој било друг од маја роден, освен тиранијата и неправдата. Тешки премрежја поминува денес Македонија, разнебитена, неединствена, разделена и недоомаќинета на својата духовна територија, поттурната и омаловажена и однадвор и одвнатре“, рече Камбовски. Тој нагласи дека спасот не треба да се бара во грубоста и насилството, ниту во покорноста на замерачените умови, ниту во безмилосноста и бесчувственоста и подгревањето на ропско чувство, туку во знаењето и разумот, во разбирачката и сомилоста се спасот, а не моќта, грубоста и насилството – оти така учел Гоце.

Наградените научни трудови претставуваат висок придонес во македонската наука, а самата награда-највисоко признание и поттик не само за нивните автори, туку за сите наши научници, „Кога во овие тешки мигови има луѓе што ја заслужиле и ја добиле оваа највисока награда, има надеж за Македонија“, рече Камбовски.

Во име на наградените се заблагодари 97 годишниот академик Ѓорѓи Филиповски, член и основоположник на МАНУ кој рече дека во времето на создавање на Академијата имало малку пари, но многу се одвојувало за науката и образованието – нешта кои денеска се запоставени. Но, доколку се сака, има простор за подобрување во оваа најмоќна и најдологорчна инвестиција, рече Филиповски. Годинава, добитници на наградата „Гоце Делчев“ се академик Ѓорѓи Филиповски, проф. д-р Јосиф Митрикески, проф. д-р Татјана Миткова, доцент д-р Миле Маркоски, проф. д-р Диме Петковски, проф.д-р Душко Мукатеов, проф. д-р Марјан Андреевски и проф. д-р Коле Василевски. Д-р Валентина Миронска Христовска е добитничка на наградата за трудот „Трајко Китанчев (книжевна, културна и револуционерна дејност)“ и д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни за трудот „Македонците во Тетово од Ала Турка до Ала Франга – општествено-политичкиот живот и културата на живеењето во првата половина на 20 век.

  Категории: