Доделени наградите „Жан Моне“

Доделени наградите „Жан Моне“
12.12.18   22:44

Прочитано : 174

Print This Article
Александар Ристовски за аматерска фотографија, Бојан Блажевски за новинарски текст и Томислав Георгиев за репортерска фотографија, се добитниците на годинашната награда „Жан Моне“.

Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Советот за
етика во медиумите вечерва ќе ги додели наградите за најдобра новинарска сторија и
најдобра репортерска фотографија, како и за најдобра аматерска сторија.

Наградата за најдобра новинарска сторија и најдобра репортерска фотографија се на тема „Градење доверба во несигурни времиња”, а наградата за најдобра аматерска фотографија ќе се додели за темата „Нашата различност, наша сила”.

Наградите ги доделија евроамбасадорот Самуел Жбогар и почесниот претседател на жирито за наградата „Жан Моне“, Надежда Гаче.

Со жирито годинава претседаваше Надежда Гаче, актуелен директор и главен и одговорен уредник на неделникот Нови Магазин, Србија, која има долгогодишно искуство како уредник на некои од најголемите српски медиуми како ТВ Белград, Борба, Данас. Таа исто така била и претседател на Здружението на новинари на Србија.

Наградата што годинава се доделува 16. пат се состои од мали статуети за сите победници, ваучер за техничка опрема во вредност од 1.000 евра за победниците во категоријата најдобра новинарска сторија и најдобра професионална фотографија, како и ваучер во вредност од 500 евра за победникот во
категоријата најдобра аматерска фотографија.

  Категории:
view more articles

Останати вести