До кое дереџе стигнал најголемиот измамник, крадец, манипулатор и лажен патриот

До кое дереџе стигнал најголемиот измамник, крадец, манипулатор и лажен патриот
14.06.19   20:24

Прочитано : 8,129

Print This Article

Најголемиот измамник, крадец, манипулатор и лажен патриот кој што правеше митови за себе си, дошол до дереџе:

1. Сам да се качи во багажник за да побегне од казната, изречена од институциите кои што токму нему му служеа и на кои се повикуваше.
2. Избега со украдените пари и ги остави своите на цедило, што говори за една друга ментална димензија.
3. За да си ја купи слободата, стана ОФИЦИЈАЛЕН УНГАРСКИ ШПИОН.
Големиот “патриот” јавно ШПИОНИРА против својата држава и народ.

Од 2010-та година, јавно го обвинив Никола Груевски дека е криминалец. Многумина не ми веруваа и го бранеа. Се докажа секој мој збор.
Платив висока цена за моето јавно говорење на вистината. Режимот ме згази финансиски и со кариера, но образот не им го дадов, а духот ми остана силен.
Ме притворија и обвинија за Шпионажа. По нарачка на докажаниот Шпион Груевски, а во изведба на побегнатите шпиони Неџби и Христо.

Денес е јасно кој се борел за правда, а кој за свои интереси и туѓи бели дворови.

Не можам ни приближно да го надоместам сето она што го изгубив на материјален план во мојата борба за правда.
СЕ ШТО НАПРАВИВ, НАПРАВИВ СВЕСНО И ОД СРЦЕ. НЕКА Е АЛАЛ!

Сметам дека моите активности од 2010-та година, помогнаа доста во еден комплициран и тежок процес на рушење на режим. Влогот, жртвите, но и придонесот во тие комплицирани процеси ги знае тој што треба да ги знае, а другото не е важно.

И тоа ми е доволна садисфакција.

Нема поголемо богатство од моментите кога граѓани ќе ме сретнат на улица и искрено ќе ме поздрават, бидејќи гледаат дека мојата борба била искрена, чесна, чиста и без задни намери.

Тоа се вика СРЕЌА ДРАГИ МОИ ПРИЈАТЕЛИ!

Ване Цветанов – Фејсбук статус

  Категории: