Општина центар дислоцира катната гаража и ги зачува зелените површини во ДУП-от за Даре Џамбаз

Општина центар дислоцира катната гаража и ги зачува зелените површини во ДУП-от за Даре Џамбаз
13.06.19   13:53

Прочитано : 132

Print This Article

Со измените на Деталниот урбанистички план Градски четврт И 04 – Даре Џамбаз, што Општина Центар ги усвои во вторникот, се дислоцира предвидената катна гаража и се зачувани постоечките зелени јавни површини.

Катната гаража е дислоцирана на локација непосредно до булеварот „Македонија“, а е задржано и постоечкото детско игралиште меѓу трите станбени блока каде требаше да се гради паркинг.

Со новиот ДУП се брише и надградбата на постоечки објект кој се наоѓа меѓу двете најсеверни кули во комплексот градби долж улицата „11 Октомври“ што значи дека сите објекти се задржуваат во постојната состојба.

Се задржува и обврската за инвеститорите да обезбедат доволно паркинг места во рамки на парцелата каде градат.

– Обврската за инвеститорите, за паркирање во сопствена парцела која се имплементираше и во претходните ревидирани ДУП-ови, се имплементира и во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз. Така, услов за реализација на единствениот планиран објект со намена домување во станбени згради во овој ДУП, е обезбедување на потребниот број на паркинг места во рамките на градежната парцела, за разлика од претходниот план каде беше дозволено паркирање во планираната катна гаража, појаснуваат од Општина Центар.

Според градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, од усвојувањето на првиот ДУП по мораториумот, паркирањето во рамки на сопствена парцела станува обврска на секој иден инвеститор.

– Наша цел е и државното земјиште, кое согласно претходните ДУП-ови било планирано за изградба на објекти, да го пренамениме во јавни површини од интерес на граѓаните. Од првиот момент, од воведувањето на мораториумот, при носење на ревидираните ДУП-ови се стремиме да ги запазиме параметрите на урбано и хумано домување, да напраиме планови кои ќе обезбедат непречено струење на воздухот и доволно природна светлина помеѓу објектите. Со имплементирање на сé ова, во целост ќе се потврди оправданоста на мораториумот, изјави денеска Богдановиќ.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 7,85 хектари.

  Категории:
view more articles

Актуелно