Дипломатски калеидoскоп

Дипломатски калеидoскоп

На крајот на секоја година обично го давам завршниот коментар за нашата веќе прочуена дипломатија. Бидејќи во историската 2019 никој веќе нема да не посети, освеен Естонецот, попознат како Дедо Мраз и мојот коментар  не е  преран.Секако личноста на годината е новата ѕвезда на европската  дипломатија, нашиот МНР. Со приемот во НАТО, угледот на нашиот министер ќе добие нова северно атлантска димензија која му отвара перспективи да се приближи кон дипломатската раскошност на еден  Х. Кисинџер.

Тој е респектабилен и ценет соговорник, дипломаски бренд на Западниот Балкан, левантски мелез со вашингтонски  шлиф, нежен пречекувач пред  портитите на палатата Сарафов, логопедски  виртоуз, со реторика и мирното испуштање на гласовите при што соговорникот добива уметнички впечаток дека станува збор за личност која секој збор го мери на кантар, па оттука  извлекува заклучок дека е темелна, добронамерна и благодарна личност. Секако за сите овие комплименти заслужен е и неговиот дипломатски став, како надвор така и дома.На домашен план најголема поддршка има од ткн.Дипломатски клуб,чиј што симбол “Semel pro semper”најадекватно ја опишува неговото дејание  и мотивите за  егзистирање.

Најупотребуван збор во нашата дипломатија  во годинава која истекнува беше успех кој никако да пристигне. Кај нас успехот не е процес. Затоа немаме институционални успеси, кои пак оневозможуват било каков вистински успех. Успехот кај нас се утешните зборови на европските бирократи, на кои би им било  неподносливо досадно а и напорно да се бават само  со сопствените недојдии. Ние сме им релаксација и успехот кон европското приближување го оценуваме како цивилизациски дострел (унгарска измислица).Успехот е  анкетен барометар и лажен показател за проспоритет. Со успехот макар виртуелен се  манипулира. На пат до успехот постојат пречки. Ние не ги отклонуваме. Ние ги зголемуваме и без да бидеме предизвикани. Успехот на власта е неуспех на опозицијата и обратно. Математички значи дека успехот за нас е практично недостижен. Успесите ги припишуваме на умната власт. Успесите во дипломатијата пак на храброста да со Атина и Софија ги потпишеме веќе легендарните договори, кои ќе функционираат по принципот на еден од Архимедовите закони, што се потврдува и во  јаловоста на соодветните комисии за имплементација на договорите. Со Тирана треба  да бидеме максимално чувствителни поради процентите, а со Приштина педијатарски внимателни. Со Белград  успех е единствено гушкањето при посетите. Цивилизацискиот успех  го очекувавме ланскиот јуни па и во  овогодишниот а во октомври оваа историска година одлуката за новата процедура за  проширување на ЕУ не инспирира за предремени парламентарни избори, што и не е проблем поради преполнетиот буџет. Усогласената формулација презентирана од францускиот претседател Макрон, беше во склад  со  паролите на  мускетарите на А.Дима,”еден за сите сите за еден”, преточени во  веќе излитениот член 5 од од Чартерот на  Алијансата норд-атланската..Макрон не врати во реалноста.ЕУ не изневери ,беше нашата  политичка реакција.Ние наместо да ја разбереме пораката продолжуваме со оскарвајдловската тага,барајќи од партнерот (ЕУ) да не нè заборави и по трет пат на идниот самит во Загреб во мај 2020 година. Еве уште една прилика нашиот претседател да се прошета до Загреб на инаугурација на ново-старата претседателка. До тогаш ќе водиме изборни кампањи,правиме пржински влади, бираме нови министри, толкуваме венецијански правници, акредитираме нови амбасадори,при што првиот робусно  ќе ја зајакне Алијансата, пуштаме да ни избегаат преостанатите криминалци и очајните млади луѓе. И така ќе го дочекаме мај.Декемврискиот самит на НАТО беше генерална проба  за новата  членка на НАТО со екскурзиското рагледевување на  водената тврдина, гарант на нашето спокојство.

Поранешните челници на ЕУ остануваат на утешителните пораки за историската грешка на ЕУ,што на СРМ не и даде знак за почеток на преговорите. Тоа се поддршки кои не обврзуваат. Не треба да чекаме на мај. Одморените европски бирократи после Божиќните празници,пак ќе претстојуват неколку часови во Белград,Скопје и Тирана.Домаќините традиционално ќе им понудат леб и сол како симбол на нашето гостопримство а и  фактичка состојба на државите кандидати. До тогаш мај ќе пристигне без задоцнување.

Со оглед на успешната наша дипломатска година претенциозно би било да давам било какви совети.Се функционира.Сегашниот состав на Синдикатот е наводно исполитизиран со незадоволните,како што впрочем беше и со составот на Синдикатот во претходниот режим.Што бара синдикат во Дипломатија и тоа професионална како тврди и првиот професионалец во палатата Сарафов.Ист е случај со здружението регистрирано како Дипломатски клуб(ДК) чии статутарни цели,задачи и начинот на нивноте остварувања ги надминуват  дејностите на ткн. невладини организации.Послодното веќе традиционално обраќање до јавност на Клубот,овој пат за улогата на нерезедидентниот(Тел Авив) амбасадор на Израел во СРМ,Дан Ориан,тоа го потврдува.Реакцијата на МНР е вообичаено конфузна и не ја разоткрива синхорнизацијата на ставовите околу едно надворешнополитичко прашање.А наведувањето на раководството на ДК “дека амбасадорот се поставувал патерналистички  кон еврејските организации и институции со СРМ,односно дека се прашуваат зошто нема ракции на засегнатите македонски субјекти”,зборува за фактот дека не е важно колку години членовите на ДК биле вработени во Бирото,Секретаријатот или МНР,туку колку научиле.За евентуално кршење на  Виенската Конвенцијата за дипломатски  oдноси  од 1963,треба да реагира,МНР на СРМ, засегнатите еврејски организации и ,институции во нашата држава меѓу кои и оние кои  не се директно поврзани со верските прашања.Впрочем СРМ е од пред некој ден и придружена членка на IHRA каде што имаме свој респектабилен претставник. Да потсетам дека наш прв акредитиран амбасадор во Израел,беше дипломиран арабиста.Толку околу нашето разбирање на значајот на Израел и мешање на надлежностите.

И сосема на крај неочекувана  твитер реакција на нашиот МНР,која никако не може да биде лична, бидејќи дал писмена инструкција до нашиот ткн. амбасадор во Стокхолм,да не присуствува на доделување на Нобеловата награда на австрискиот писател Питер Хандке,поради неговото негирање на геноцидот во БИХ. Ниту една држава од ЕУ (освен Хрватска  поради предизборни кампањи и поради контрапунктот на Србија) не ја бојкотираше церемонијата,меѓу кои и Словенија.Србија одвај чекаше наш ваков потез како доказ дека имаме одлични односи,па наместо распеаниот МНР,Дачиќ се огласи секогаш будниот претседател А.Вучиќ,кој ја испрати пораката со длабока политичка содржина.Наша реакција нема.Истиот ден се славеше во нашето МНР 50 години од формирањето на Бирото за односи со странство како претеча на сегашното респектабилно МНР. Доколу одлуката е синхоринизирана кај нас беше потребно и соодветно образложување,со претходно читање на книгите на новиот австриски нобеловец

.Македонските издавачи ваквиот наш потез ги стави на мака дали да го преведуваат Хандке,а на доконите и секогаш духовитите фејсбукчии  им  дава можност  за  книжевна,политичка па и судска аргументација  за ликот и делото на П.Нандке. И на самиот крај никако да докучам зошто нашиот МНР го нема во делегацијата кога пртетседателот оди во официјални посети. Веројатно пораде штедење.

Вообичаено прв ви ги честитам божиќните празници и историската 2020 година,година со две нули и две двојки.Бидејќи,нулата не е број,двојките  во низот значат дека се ќе биде добро, немојте да се грижете,ситуација добро ќе се заврши и сите ќе бидат задоволни. Ова е сепак астролошки алгоритам.

 

Ѓорѓи Мисајловски