Diners Club со своја поддршка на глобално движење „Pay It Forward”

Diners Club со своја поддршка на глобално движење „Pay It Forward”
15.04.19   13:01

Прочитано : 76

Print This Article

Во неделата, на Школка во Градскиот парк во Скопје успешно се оддржа хуманитарниот настан „Правиме добри дела и растеме заедно“, во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК, со цел ширење на идејата за прифаќање на различностите и за правење добри дела.

Diners Club завзема активно учество со подароци за секое од присутните деца, додека на нивните родители им врачи картичка за продолжување на ланецот на добри дела. Низ Градскиот парк можеа да се видат безброј среќни лица, а компанијата со ова го продолжи движењето „Pay it forward” и идејата за овој ден, да се прават хумани дела без да се бара ништо за возврат.

Настанот помина со многу насмевки, прегратки и љубов, бидејќи на овој ден се слават човечноста, почитувањето и прифаќањето на различностите.

  Категории: