Димитров положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк

Димитров положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк
18.01.19   12:16

Прочитано : 73

Print This Article
Dimitrov

На последниот ден од работната посета на Анкара, министерот за надворешни работи Никола Димитров положи венец во Мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк и во име на Република Македонија, оддаде почит на таткото на Република Турција.

Како што соопшти МНР, шефот на дипломатијата во рамки на своите медиумски активности, даде интервју за TRT World и агенцијата Анадолија.

Вчера Димитров се сретна со својот турски колега Мевљут Чавушоглу, кој рече дека Турција со нетрпение очекува да и посака добредојде на Република Македонија во семејството на НАТО. Нагласи и дека стабилноста на Македонија е клучна за стабилноста на Балканот, на што Турција придава големо значење и обезбедува поддршка за неговиот економски раст.

Димитров и Чавушоглу потпишаа и Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.

Димитров оствари средби и со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, со кого размениле ставови за унапредување на комуникациите меѓу највисоките законодавни тела во двете држави во сферата на парламентарната дипломатија и особено поттикнувањето на конкретни и заеднички активности помеѓу Групите за пријателство и повеќе комисии во двата Парламенти.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести