Димитров: Народот е пред историска одговорност и ќе го казни овој циркуз

Димитров: Народот е пред историска одговорност и ќе го казни овој циркуз
24.01.16   23:06

Прочитано : 6,355

Print This Article

Читам и за момент, не можам да верувам што читам. Сепак, едноставно е. Три правила за исправно читање (и пишување) на вакви “говори”:

nikola-dimitrov

1) Обвини го другиот за тоа што сам си го правел:

“Избори не се добиваат со сила” – “… Пиштење, вриштење че има. Види, од дваесе и четири фирми, осум казни јаки паднале …”.

“Избори не се добиваат со закани” – “… со триаголниче че гласаш, че ти го провериме ливчето, ако не гласаш че те избркаме од работа …”.

“Избори не се добиваат со измами” – “Како што знаеш имаме по пеесе души у стан од четириесе квадрата …”.

2) Секаде каде мислиш на себе си или на твојата машинерија, замени со “народот” или со “Македонија”:

“Народот на Македонија на 24 април ќе покаже чија е оваа држава”, наместо јас и мојата машинерија на 24 април ќе покажеме чија е оваа држава.

3) Исцрни ги тие од каде доаѓа опасноста, па Ванхауте (фер избори, слободни медиуми) и Катица (одговорност) спомни ги меѓу странски служби, криминалци и фалсификатори.

Народот е вистина исправен пред историска одговорност: Ќе го дозволи овој циркус или ќе го казни? Се ми се чини дека пишувачите на “храбри” говори немаат доверба во народот, затоа и сакаат избори со гласачи сенки и мистериозни списоци.

Никола Димитров
фејсбук статус

  Категории: