ДИК: Обработени 98,6 отсто од податоците, гласале 6,26 отсто

ДИК: Обработени 98,6 отсто од податоците, гласале 6,26 отсто
21.04.19   13:37

Прочитано : 283

Print This Article
дик71

Според податоците од Државната изборна комисија поставени на веб страницата, излезноста до 10 часот во обработени 98,60 отсто од гласачките места е 6,26 отсто, односно гласале 111.554 гласачи.

Највисока излезност има во Прилеп – 11,01 проценти, потоа во Свети Николе 11, 48 %, Пехчево со 10,22%, Новаци 10,63%, Демир Хисар 10,12%, Македонски Брод со 10, 11 проценти.

Најниска излезност има во Липково 0,97%, Боговиње 1,79 %, Долнени со 1, 85%, Желино 1,82 проценти и Пласница 1,58 проценти од запишаните гласачи.

  Категории: