Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци

Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата кај Ласкарци
14.02.19   11:26

Прочитано : 23

Print This Article

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери изрази сочувство до семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера на автопатот Скопје -Тетово, кај селото Ласкарци.

– Длабоко сум трогнат и вознемирен од оваа трогателна вест и во овој горчлив миг за нашата земја, за нашите граѓани, дозволете да ја споделам болката со блиските семејства, пријателите, сограѓаните на жртвите, на повредените и сите оние што беа учесници во оваа човечка трагедија. Изразувам верба и желба ваквите тажни мигови за нашата земја, никогаш да не се повторат. Нашите молитви се со повредените, со желба да заздрават што побрзо и да се вратат во своите домови, покрај своите блиски, наведува Џафери.

Упати благодарност до сите граѓани и целиот медицински капацитет за покажаната хуманост на дело.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести