Дескоска: „Рекет“ само го збрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство

Дескоска: „Рекет“ само го збрза интегрирањето на СЈО и Јавното обвинителство
20.07.19   16:47

Прочитано : 282

Print This Article

Личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Случајот „Рекет“ само го збрза реализирањето на идејата да се интегрираат СЈО и Јавното обвинителство, вели министерката за правда Рената Дескоска.

Во интервју за Телма таа истакнува дека оваа идеја била ставена на маса од страна на Министерството во преговорите со опозицијата за новиот закон за ЈО и вели очекува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати законот предложен од Владата затоа што одделението за организиран криминал покажало дека може да се справи со случите на висока корупција.

-Навистина се непријатни случувањата на кои што сведочевме минатата недела. Да не речам дека се шокантни, генерално за сите коишто очекувавме, верувавме и баравме ефикасни механизми за борба против корупцијата. Но, мислам дека личната одговорност не треба да ја врзуваме со одговорноста на целата институција. Овие настани што се случија даваат верба од една страна дека навистина институцијата, што претходно, пак, не функционираше, а тоа е одделението за организиран криминал, сега одеднаш имате навистина капацитетност, волја и спремност на тие луѓе внатре да излезат и да покренат кривични постапки против лица кои што на некој начин, се претставувале дека се можни во една држава, значи да заштитат други лица кои што биле предмет или постои сомнеж дека биле предмет на рекет, што не беше случај во изминатиот период, во периодот на претходната влада, вели во интервју за Телма министерката Дескоска.

Според неа, тоа дава надеж дека дури и постојните институции можат да одговараaт на предизвиците ако извршната власт не им се меша и не им врши притисок.

-Мислам дека тоа е охрабрувачки сигнал. Така што и тоа е еден од мотивите што сакаме реално да го зајакнеме ова обвинителство за организиран криминал со можности и финансиски и кадровски, бидејќи гледаме дека има потенцијал кој што навистина дава резултати, подвлекува министерката за правда Дескоска.

Во однос на предметите, Дескоска појаснува дека сите случаи кои се водат во едното и во другото обвинителство сега ќе бидат слуачи кои што ќе ги води новото ЈО.

  Категории: