Дескоска до Груевски: Дојди. Вратата од мојот кабинет ти е отворена!

Дескоска до Груевски: Дојди. Вратата од мојот кабинет ти е отворена!

„Вратата на мојот кабинет е отворена за господинот Груевски“.Вака министерката за правда Рената Дескоска му одговори на бегалецот Никола Груевски, кој побара да му се извини бидејќи министерката кажала дека со изнуда преземал фирми.

-Денеска г. Груевски ме почестил со своја реакција на моја изјава на дебатна емисија на ТВ21. Како одговор на неговата реакција сакам да потсетам дека во текот на дебатата за прашањата за кои реагира не кажав ништо ново што не можеше во минатиов период да се прочита во печатените и електронските медиуми. Сепак, вратата на мојот кабинет е отворена за г. Груевски, за да поразговараме за прашањата на кои реагира. Го поканувам да дојде, напиша Дескоска.