Демократска алијанса: Иако сме против Договорот од Преспа, ќе гласаме за новите гранични премини со Северна Македонија

Демократска алијанса: Иако сме против Договорот од Преспа, ќе гласаме за новите гранични премини со Северна Македонија
15.05.19   19:21

Прочитано : 320

Print This Article
Demokratska Alijansa

Со ладно и тешко срце, со вистинска загриженост, но со единствен критериум развој на добрососедските односи меѓу двете земји и економски развој на северна Грција, ќе гласаме за двата договори, рече пратеникот од Демократска алијанса, Јоргос Карас на денешната пленарна седница за ратификација на договорите за отворање новите гранични премини кај Мајден и Маркова нога, откривајќи го ставот на неговата партија.

-Со тешко срце даваме позитивен глас за овие два договори, без тоа да значи дека ќе прифатиме да се легализира Договорот од Преспа од страна на Демократска алијанса. Не се озаконува и апсолутно се задржуваат сите наши позиции кои беа изнесени и на расправата и пред грчкиот народ. Во овој момент со единствен критериум, развој на добрососедски односи меѓу двете земји и економски развој на регионите во Македонија кои што се граничат со соседната земја, рече Карас и истакна дека тие како партија и понатаму сметаат дека договорот од Преспа е лош и неприфатен од Грците.

За време на вчерашната расправа на Комисијата за национална одбрана и надворешна политика, пратеникот од Демократска алијанса рече дека денес на пленарната седница ќе го откријат нивниот став дали ќе ги поддржат или не двата нацрт закони што произлегуваат од потпишаните договори во март и април во Скопје.

  Категории: