(ВИДЕО) Дејан Саздовски во Студио 1 на тема: Зошто паѓаат авионите на Боинг?

(ВИДЕО) Дејан Саздовски во Студио 1 на тема: Зошто паѓаат авионите на Боинг?
18.03.19   22:50

Прочитано : 938

Print This Article

Гостин во последниот блок на Студио 1 беше Дејан Саздовски пилот и експерт за цивилна авијација, кој со домаќинот Сашо Ордановски зборуваше на тема: Зошто паѓаат авионите на Боинг?

Изминатата недела по уривањето на Боинг 737 на „Етиопиан Ерлајнс“ голем број земји ги приземјија авионите од оваа компанија. Дали Боинг полека ја признава вината?

„Мислам дека имаме македонски пилоти кои летаат на тие типови авиони, јас повеќе работам менаџмент. Од блиску ги пратам овие настани. Настанот со овој Боинг 737 Макс е еден од поинтересните во историјата на воздухопловството, бидејќи приземјувањето беше принудено. Тоа ретко се случува“, рече Саздовски.

Тој е релативо совршен производ, но ако се земе во предвид колку авиони летаатт во светот, се случуваат трагедиии неколку пати годишно.

„Самиот модел 737 е најпроизведуваниот комерцијален воздухоплов и тоа во повеќе од 10, 000 парчиња и има длабока традиција. Од фактите до сега , на овој воздухоплов, различно е за да се зголеми бројот на седишта, воздухопловот е продолжен што од инженерски аспект е оправдано. Заради тоа продолжување има потреба од поголеми мотори, инженерите ги поместуваат малку понапред на крилата. Со тоа се изместува аеродинамичкиот центар на рамнотежа“,  рече Саздовски, кој истакна дека и во трагедијата во Индонезија, како и во Етиопија, пилотите јавиле слични пораки до контролите на летање.

Што се случило со авионите во Индонезија и Етиопија, за призводителите на авиони, колку авиони произведува Боинг на годишно ниво, за утврдување на одговорност и оштета од трагедиите, погледнете го разговорот во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести