Дечко од Хонгконг преку Фејсбук ја бара девојката со која се сликал во Охрид

Дечко од Хонгконг преку Фејсбук ја бара девојката со која се сликал во Охрид

Дечко од Хонгконг, на Фејсбук потпишан како Harry Ng, преку објава во групата „Expats and Foreigners in Macedonia“, бара помош. Неговата објава ви ја пренесуваме во продолжение:

[Ве молам за помош: во потрага по девојка што ја запознав во Охрид!!!!!]

Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7 октомври. Црквите, езерото, времето, тој е прекрасен град. Но, една мала случка го направи мојот впечаток за Охрид уште понезаборавен.

Еве што се случи.

Околу 11:30 часот, одев кон местото за ручек со други учесници од турата. Одеднаш, една девојка ми побара да се сликаме. Најпрво се шокирав, но реков ок и ова е фотографијата.

Бидејќи бев далеку зад групата, само и кажав чао, и ти благодарам. Не ја прашав за контакт информации.

Ако ја познавате девојката на оваа фотографија, можете ли да ми помогнете да се поврзам со неа?

Ако не ја познавате, но сметате дека ова е интересно, ќе ценам ако можете да ми помогнете што повеќе да се рашири оваа објава!

Фала за читањето! Ако се случи чудо, ќе ве известам сите!

Фејсбук објавата и дечкото можете да ги најдете ТУКА.