Дац: Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски

Дац: Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски
15.05.19   17:20

Прочитано : 1,782

Print This Article

Oставка од пратеникот Павле Богоевски по неговото признание дека набавувал масло од канабис, што беше објавено на најновата бомба на „Илија Громовник“, бара актерот Драган Спасов – Дац.

„Очекувам оставка од Павле Богоевски и прес-конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?“, прашува Дац.

Снимката се појави вчера на руската мрежа „Вконтакте“. Профилот „Илија Громовник“ кој ја објави снимката тврдеше дека Богоевски е снимен како нарачува кокаин.

Богоевски потврди дека тоа е неговиот глас, но објасни дека не нарачувал кокаин туку масло од канабис. Вели дека го набавувал за лечење на негова блиска личност.

  Категории:
view more articles

Останати вести