Дали Зоран Заев „курбан“ ќе си замине

Дали Зоран Заев „курбан“ ќе си замине

Кукавица или орел. Што излезе Заев. Без вина прогласен е за виновен. Падна. Го призна неуспехот. А, не беше негов. Северна Македонија не доби виза за преговори за добивање виза за влез во ЕУ. Не доби ниту Албанија. Таква одлука донесоа лидерите на земјите членки на Унијата. Всушност, така рече Французинот Макрон. Тој за инат или омраза кон македонскиот народ и ја реши судбината на Северна Македонија. Така рече и си остана на зборот. Не помогнаа убедувањата на големата Меркер и многу други. Макрон и пресуди на Северна Македонија и Албанија. Заев и делегацијата од Северна Македонија, од Брисел, се вратија со наведнати глави. А толку многу веруваа  на ветувањата на првите луѓе на ЕУ. „По петнаесет години чекање Северна Македонија ги исполни сите услови и сигурно ќе добие виза за преговори за влез во ЕУ“. Така на Заев му ветуваа сите. Северна Македонија направи повеќе од она што и го бараше ЕУ. Го сменија името, Уставот, ги почнаа реформите. Кога се беше готово разочарување. Макрони рече „не“. Го убедуваа сите но, Французинот си остана на своето. Опозицијата на чело со ВМРО-ДПМНЕ со „радост“го дочекаа ветото на Макрон. Мицко, Николовски, Милошески и ред други викнаа: „ Заев е крив. Да си даде оставка и да распише предвремени парламентарни избори!“. Заев, како лидер и како човек, најави распишување на брзи предвремени избори. Срцето им се наполни на вмровците,  кои за цело време правеа се Северна Македонија да не добие виза за ЕУ. Дали со распишување на предвремени избори Заев излезе „кукавица“ и си ја призна вината или излезе човек со достоинство и одговорност!?. Ако добиеше виза Албанија, а Северна Македонија не, тогаш крив ќе беше Заев. Но, ЕУ не даде виза и на двете држави. Но, Заев, без вина, пред македонскиот народ, излезе „орел“, голем орел. Призна не негова одлука. ЕУ застана на негова страна. Првите луѓе со жалење рекоа дека на Северна Македонија и е направена неправда. Признаа дека биле немоќни пред одлуката на Макрони. Бараа Заев да продолжи со реформите и со подобрување на животниот стандард. Но, Заев и СДСМ рекоа „не“. „ Северна Македонија ја внесовме во НАТО, но, не успеавме да добиеме виза за преговори за влез во ЕУ. И покрај не наша вина виновни сме“. Опозиционерите  победија. Нивната желба беше Македонија да не биде членка ни на НАТО ни на ЕУ. Дали Македонецот сака да остане осамен, „подбуткан“ и делена. Дали сака да биде последна или да оди во Европа.Тоа нека го каже самиот Македонец на предвремени избори. Дали ќе го избере Европскиот пат или ќе избере и понатаму да остане во тунелот, во кој нема иднина, решението е негово. Дадовме се. Повеќе немаме што да дадеме.Без наша вина не добивме виза. Не доби ни Албанија. Судбината на Северна Македонија сега му ја даваме на народот!“. Како и да велат и да се правдаат, по се изгледа, лидерот на СДСМ Зоран Заев, „курбан“ ќе оди. 

Северна Македонија влегува во „ќор сокак“. Брзите предвремени парламентарни избори  ќе го сопрат животот во земјата. Ќе сопре се. Партиите ќе „тргнат“ по гласови. Ќе организираат собири, митинзи, средби. И едните и другите ќе го убедуваат народот дека ако им  го даде гласот, тие ќе ја спасат Македонија. Вмровците ќе го обвинуваат Заев и неговата Влада дека биле неспособни и дека тие се виновни што државата е на ова „дереџе“. Ако дојдат тие на влас нема да биле како оние Груевисти, вмровци, кои до гола кожа ја украдоа Македонија и дека тие со подобри реформи во економијата, судството, здравството, образованието и во сите други дејности на земјата ќе и обезбедат место во ЕУ. Сдсмовците пак, од народот, ќе бараат да го доодат својот пат. Ветуваат дека по НАТО ќе и обезбедат столче на Северна Македонија во ЕУ, дека ќе ги завршат започнатите реформи и дека ќе направат да има право и правна држава. Ќе обезбедат подобар живот и дека ќе го исполнат сето она што му го ветија на народот. „Алаврсан“ така да биде. Дали народецов повторно ќе им ја даде власта на вмровците или на сдсмовците тој ќе одлучи. Или „преку глава“ му е се па наместо на митинзи ќе си замине во странство.  Кој и да го добие гласот на народот „ум“ во глава. Но, можат ли бар овие избори, да поминат мирни и без „плукања!?.

Стоилко Андреевски