Дали Груевски ќе влезе во затвор како пратеник – тема во Студио 1

Дали Груевски ќе влезе во затвор како пратеник – тема во Студио 1
7.11.18   17:01

Прочитано : 917

Print This Article
loading...
Borjan i Aco

Отвореното Студио 1 уредниците на денот Ацо Кабранов и Борјан Јовановски го почнуваат со главните вести – одлуките за мандатот на екс премиерот Груевски и за тоа дали ќе му биде или не одложено издржувањето на затворската казна, како и денешните рочишта, од кои тој е обвинет во „Титаник“.

Собраниската Комисија со пет гласови за и без присуство на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да препорача на Собранието да му го одземе мандатот на Груевски. Пратеникот Трајко Вељановски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во таква расправа и обвини за политички притисок.

-Извештајот на Комисијата ќе му биде предаден на претседателот на Собранието, кој треба да го стави на следната пленарна седница во петок. За негово изгласување е потребно двотретинско мнозинство, односно 80 гласа, изјави претседавачот со Комисијата Павле Богоевски.

Инаку, барањето на Груевски за одложување на затворската казна се уште не е пристигнато во Кривичен, се очекува тоа да се случи до крајот на работното време. По ова, судот има три дена да се произнесе дали ќе ја прифати, што значи дека и покрај рокот, не значи дека екс премиерот ќе се јави во затворот во Шутка утре.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести