Да се биде Буда или Итар Пејо?

Да се биде Буда или Итар Пејо?
22.05.19   08:59

Прочитано : 1,326

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за Цивил Медиа:

По првата „консултативна“ работна средба помеѓу Заев и Ахмети по изборите, нема ништо ново што може да се соопшти по повод операцијата „Метла“. Најмногу и затоа што нивните мотиви околу спроведувањето на овој проект се суштински различни: Заев мора да го испорача аманетот, даден пред вториот круг на претседателските избори, дека ќе направи „чистка“ во редовите на власта, како поука од послабата од очекувана поддршка на гласачите; Ахмети, пак, од своја страна, не даде никакво ветување, па нема што да исполнува.

Што му е гајле на Ахмети што ветувал Заев, за што не бил ни прашан?! Дотолку повеќе што, во недостаток на американски амбасадор во земјава, ДУИ има голем маневарски простор во толкувањето на тоа што е неопходно да се направи за општиот напредок на државата.

Што е право, на ДУИ приказната ѝ оди одлично. Седат комотно во власта, иако повеќето функционери – со неколку чесни исклучоци – им работат со енергија што би можела да се оцени како „критичен минимум“. Но, гледате, со текот на изминатите петнаесетина години и во домашната и во дипломатската јавност во земјава се изгради таков став дека од ДУИ и не се очекува сериозно да се занимаваат со одработување на описот на работата на владите во кои седеле, туку да се грижат за „големата слика“, за „високата политика“, за одржување, па дури и гарантирање на меѓуетничката политичка и безбедносна стабилност во Македонија. Тоа, и бескрајното „верглање“ за важноста на евро-атлантските интеграции.

И секогаш со една длабокоумно замислена, мудра поза на Ахмети во позадината, чиј збор алтан вреди! А може и во евра. Бидејќи нема бизнис што им е застанат по сите вертикали и хоризонтали на власта. Имаа цела деценија да ја научат школата на дил-ориентид политичари кај врвниот експерт од таа област, Груевски. Положија со врвен, сума-кум-лауде успех. Со Заев се на пост-дипломски студии.

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести