Ортопедската количка на Хокинг на аукција

Ортопедската количка на Хокинг на аукција
22.10.18   13:05

Прочитано : 52

Print This Article
loading...

Лични предмети на починатиот физичар Стивен Хокинг наскоро ќе се најдат на аукција на Кристи’с. Меѓу 22-та предмета ќе бидат и неколку оригинали од стручни написи, сценарио за епизода од „Симпсонови“, како и неговата ортопедска количка.

Светски познатиот физичар од својата младост боледуваше од амиотрофна латерална склероза, па беше целосно парализиран, и мораше да користи високотехнолошки колички. Една од нив ќе биде понудена на наддавањето за цена од 10.000 до 15.000 долари.

Претставникот на аукциската куќа, Томас Венинг изјави дека таа ортопедска количка не е само симбол на попреченоста на Хокинг, туку и на неговата смисла за хумор. Имено, научникот еднаш со неа, односно со тркалата „го згазна“ принцот Чарлс, по што се пошегува дека би сакал истото да ѝ го направи и на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер.

Аукцијата ќе трае од 31 октомври до 8 ноември.

loading...
  Категории:
view more articles

Актуелно