Црногорски опозиционер предлага да се изгради ѕид на границата со Албанија и Косово

Црногорски опозиционер предлага да се изгради ѕид на границата со Албанија и Косово
22.08.19   14:48

Прочитано : 479

Print This Article

Небојша Медојевиќ, црногорски пратеник од опозицискиот Демократски фронт, предложи вчера да се изгради ѕид на границата на земјата со Албанија и Косово за да се запре нелегалната трговија со дрога, оружје и мигранти.

Според Медојевиќ, градењето граничен ѕид е едно од можните ефективни решенија за борба против „бандите на шверцерите во Црна Гора“. Тој уште еднаш посочи армијата да биде распоредена на границата и да се користат модерни технологии за видео и сателитски надзор.

„Ѕидот нема да биде изграден против албанскиот или црногорскиот народ, туку против црногорската и албанската мафија, кои со поддршка на корумпирани и криминални режими во Подгорица, Приштина и Тирана, ја претворија таа граница во Елдорадо за шверц на дрога, цигари, оружје, хемиски и биолошко оружје и илегални мигранти “, рече лидерот на опозицијата, цитиран од Демократскиот фронт преку објава на Фејсбук.

  Категории:
view more articles

Актуелно