Царовска: Дезинформации се тврдењата за скратено работно време на вработените кои се пред пензија

Царовска: Дезинформации се тврдењата за скратено работно време на вработените кои се пред пензија
20.09.19   21:28

Прочитано : 781

Print This Article

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации и шпекулации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата, односно жените работнички со навршени 60 години старост, а мажите со 62, да работат шест часа, а да ја задржуваат целата плата до пензија.

– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој извесувал за тоа оти таква информација има од МТСП. Донесувањето на законот за работни односи се врши на транспарентен начин. Во моментов работат неколку работни групи со сите засегнати страни, имаат можност да учествуваат и да даваат предлози и размислувања. Кога тој ќе биде на некој начин усогласен помеѓу сите засегнати страни и ќе го испочитуваме процесот на носење на закон преку социјален дијалог за тоа ќе биде известена и јавноста, рече Царовска.

Таа додаде дека кога ќе биде изработен, ќе има јавнат дебата, и дури потоа ќе биде донесен.

  Категории:
view more articles

Останати вести