Чомски и Павле

Чомски и Павле
15.05.19   23:41

Прочитано : 3,558

Print This Article

Ете, почитувани пријатели, домашните кодоши и странските служби, се потрудија да ги кренат катастрофичарите од нокдаунуте што ги доживеаја во Преспа, на референдумот, со уставните измени, со промената на името на државата и со победата на Пендаровски. Со една вообичаено банална и тривијална петарда каква што е снимката на некаков разговор на Павле.

Доста ќотек изедоа и беа паднати во тешка депресија. Во таа смисла можвме да очекуваме некаква забава што ќе ги крене. Нешто мораше да се стори.

Оваа петарда за злотворите е како оној вигс што тренерите им го ставаат под носевите на кревачите на тегови по што тие добиваат некоја чудна сила. Така испадна и со оваа смрдлива пуфка што сакаат да ја претстават како бомба.

Говњари!

Синадиновска тоа убаво им го објасни.

Во нивната реакција поентата не е одбраната на правниот поредок, туку дисквалификацијата на еден човек и преку него на власта. Му се бесат на човекот како крлежи околу јајцата на некое кутре и дават, цицаат, се дебелат. Приоритетот им е дисквалификацијата, а не одбраната. Тоа е многу важно.

Тоа можете да го проверите така што ќе им фрлите некое ситно коскиче, што било, тие сместа ќе го издигнат случајот на највисоко парадигматско ниво, на нивото на национална катастрофа кон која не води власта, а тие не спасуваат.

Хахаха.

Во познатата полемика со Фуко, Чомски сметаше дека акцијата што ќе ја спречи државата да прави злосторства е оправдана како што е оправдано да се прекршуваат сообраќајните правила за да се спречи некоја несреќа, да се однесе, тешко повредениот в болница, на пример.

Едно време бев на страната на Фуко, кој сметаше дека пристапот во кој победата е поважна од правдата може да заврши во злосторство пострашно од тоа што ја покренало борбата. Но, кога се боревме против Злото на вмро-дпмне, бев на страната на Чомски, нормално. Како што денеска сум на страната на Павле. Ми доаѓа, како некаков Исус, да ги повикам острастените малограѓанчишта да ги почитуваат прописите за канабисот или вревата во ноќните часови, кога дома ќе им се витка од болки, можеби дури во предсмртна агонија, не дај боже, некој близок или да не го скратуваат патот кон болницата со саканото лице, минувајки на црвено или возејки по еднонасочна улица во обратен правец.

Така што- не серете!

Петардата за Павле ве разоткрива во злобата, деструкцијата и малограѓанштината, во лицемерноста, во безкарактерноста.

Сакам да ве предупредам, имам право на тоа зашто се покажа дека и моите претходни предупредувања кон вас биле на место, дека петарди од овој тип не можат да направат кратер кој ќе ја расклати големата зграда на напредокот во клучните теми, односно пошироката слика која, со сите дамки, е добра.

Сакам да кажам не да ја оставиме власта раат, туку да се концентрираме на реална критика, насочена и концентрирана кон промени на работите што не се добри, а не тоа што не е добро по цел ден да се труби не за да се решат проблемите туку за да паднела власта.

И Заев да паднал!

Курац фини ќе паднат!

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести