Чичко (Рашковски) пушти летки!

Чичко (Рашковски) пушти летки!
7.11.19   09:51

Прочитано : 2,414

Print This Article

Неколку пати ги читам и препрочитувам извештаите од вчерашната „хеликоптерска“ прес-конференција на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и никако не успевам да сфатам каква е бизнис-логиката на јавно-приватното партнерство меѓу македонската држава и приватната шведска компанија за летање хеликоптери која во наредните 8 години, без денар трошок за нас, би требало да ги сервисира македонските спасувачко-медицински летачки интервенции… Таа компанија, во првите шест месеци, се обврзува да инвестира 9 милиони евра во овој проект, во што спаѓа купување на два нови наменски хеликоптери, а потоа осум години и да ја финансира целата операција – а нас таквиот првокласен спасителско-медицински интервентен сервис би нѐ чинел нула (и со цифра: 0) денари?!

Во животот научив дека бесплатните услуги, потоа, излегуваат најскапи, како што во политиката нема ручек за беспари. Па, во недостаток на проверени, официјални информации, почнав да вртам некои телефони…

Ако сум добро информиран од „летачки“ кругови, шведските инвеститори во нивниот проект предвидуваат вработување на околу 60 луѓе, со 5 ротирачки посади на пилоти, механичари, доктори и сл. Само нивните плати без 100-тина илјади евра месечно не би можеле да се покријат. Годишно: барем 1 милион и 200 илјади евра. За времетраењето на договорот од 8 години само по овие ставки би дале уште десетина милиони евра. Уште толку се веројатно и другите трошоци за тековни и вонредни одржувања на хелиодромите и двете летала, за лиценци, разно-разни давачки, трошоци на експлоатација итн. Сè заедно – бајаги милиони!

Но, не сум знаел, ама научив, дека од Македонија кон (главно) Запад и Турција годишно со медицински специјализирани авиони летаат 60-70 пациенти (странски државјани на разни мисии во земјава, наши државјани со двојни државјанства, но и здравствени осигуреници од Косово) кои се носители на странски скапи медицински осигурувања и чии трошоци за ваквите летови ги покриваат тие осигурителни компании. Во зависност од дестинациите, таквите летови се меѓу 10 и 20 илјади евра по интервенција, што му доаѓа околу еден милион евра годишно. Тоа, главно, се прави со специјализирани авиони, но очигледно е дека хеликпотерскиве инвеститори веројатно сметаат и на дел од овој здравствено-осигурителен колач за интервентно покривање на дестинации не поголеми од некои 500 километри.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

  Категории: