Четири земји ќе ја бојкотираат Нобеловата награда бидејќи добитникот бил поддржувач на Милошевиќ

По Косово, Албанија и Турција и Хрватска одлучи да ја бојкотира свечената церемонија на доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хендке.

Од хрватскта министерство за надворешни работи во Шведска дадоа исто објаснување како и другите три држави, дека го бојкотираат чествувањето на писателот, кој бил политички ангажиран во давање на голема подршка на поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ.

Официјален претставник на турската влада овој викенд ја повика Шведската академија да ја промени одлуката за доделување на наградата на Хандке. Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, објави дека му наложил на амбасадорот во Шведска да ја „бојкотираат“ церемонијата, велејќи дека „писател кој го поддржуваше Милошевиќ и неговиот геноцид во Босна и во Косово, не ја заслужува Нобеловата награда“

Албанија нема да учествува на доделувањето на Нобеловата награда за литература на Петер Хендке во Стокхолм.

Веста на социјалните мрежи ја објави овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој, меѓу другото, напиша дека „оправдувањето за суровоста во војната за време на распадот на Југославија не треба да се наградува“.