Челзи ќе ги испраќа навивачите расисти во Аушвиц

Челзи ќе ги испраќа навивачите расисти во Аушвиц
11.10.18   19:26

Прочитано : 300

Print This Article

Челзи ќе ги испраќа навивачите расисти во Аушвиц

 Раководството на фудбалскиот клуб Челзи размислува во иднина навивачите кои имаат расистички испади да ги испраќа во Аушвиц со цел да ги сфатат сопствените грешки.

Во лондонскиот клуб сметаат дека тоа би било поделотворно, отколку да им се забрани да доаѓаат на натпреварите, а иницијативата ја поддржува и сопственикот Роман Абрамович, кој има еврејско потекло.

Во Челзи веруваат дека посетата на концентрациониот логор и предавањата ќе помогнат за искоренување на антисемитизмот, кој е присутен меѓу фудбалските навивачи во Англија.

– Ако им забраните да не доаѓаат на натпреварите тоа никогаш нема да го смени нивното размислување и однесување. Вака им се нуди можност да сфатат што направиле и во иднина подобро да се однесуваат. Во минатото ги санкциониравме и со забрани од по три години, но сега ќе имаат опција да сфатат што направиле, истакна Брус Бак од управата на Челзи.

Лондонскиот клуб јавно критикуваше неколкумина свои навивачи за погрдното скандирање на натпреварот против Тотенхем во септември минатата година.

  Категории: