Чавков има кривична одговорност за смената на шефот на Алфите, Димовски се води како истражител на СЈО

Чавков има кривична одговорност за смената на шефот на Алфите, Димовски се води како истражител на СЈО
23.05.16   12:52

Прочитано : 2,000

Print This Article

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, со разрешувањето на Примислав Димовски од шеф на полициските “алфи“ го повредил членот 50 став 3 од Законот за кривична постапка, кој изрично забранува разрешување и распоредување на друго работно место на истражител назначен со наредба на јавен обвинител. Министерот се соочува со кривична одговорност. Примислав Димовски се води како истражител во Специјалното јавно обвинителство, пишува порталот СДК.

mitko-cavkov-11-670x400[1]

Извори од ова обвинителство за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека нив никој не ги прашал дали може да биде сменет истражителот Димовски од работното место и да биде распореден на друго, што е противзаконско. ЗКП јасно вели дека секој истражител, назначен со наредба на кој било обвинител од Македонија, работи под негова контрола и наредба на истото работно место во времето кога за него била дадена наредба за истражител, сѐ додека јавниот обвинител не ја смени наредбата. Никој не смее да постапи спротивно на оваа одредба, бара Законот во член 50. Затоа и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, велат извори од МВР, не смеел да разрешува и поставува неколку други началници од МВР кои биле назначени со наредба на јавни обвинители од СЈО и од другите обвинителства. Во спротивно, ќе се соочел со кривична одговорност, како што се соочува сега министерот Чавков со разрешувањето на Димовски, кој патем бил истражител на СЈО.

“Сега никој не ги чува обвинителите од СЈО како лично обезбедување. Се снаоѓаат“, рекле од СЈО за порталот.

Инаку, како што објави Либертас во саботата, Чавков го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки.

Се работи за еден од 56-те помилувани од страна на претседателот Иванов, кој, колку што е познато, нема побарано повлекување на аболицијата.

Пуки е еден од осомничените во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, случај за апсењето на Љубе Бошкоски.

ljube_apsenje_0[1]

СЈО покрена истрага против Сашо Мијалков како нарачател, против Пуки, од позициајата командант на Алфите и уште 6 лица кои го апселе Љубе Бошкоски на 6.6.2011 година. За нив не беше побаран притвор, туку само мерка на обезбедување и забрана за вршење на овластувања за полицајците кои и натаму работат во МВР.

Сега, освен што тој е помилуван, се враќа на старото работно место, да ја води специјалната полицискa единицa Алфа.

Инаку, токму Алфите, под раководството на досегашниот шеф Примислав Димовски асистираа во акциите на СЈО.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести