Чавков и четворица осудени за 27 април што дале гаранции бараат да бидат пуштени од Шутка

Чавков и четворица осудени за 27 април што дале гаранции бараат да бидат пуштени од Шутка
22.04.19   15:07

Прочитано : 556

Print This Article
Chavkov

Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков и уште четворица осудени за упадот во Собранието на 27 април бараат до правосилноста на пресудите да се бранат од слобода. Жалбата до Апелација да им биде укинат притворот, за што имаат дадено гаранции во текот на постапката, освен Чавков, кој е неправосулно осуден на 18 години затвор, поднесоа и Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Никола Митревски-Кољо и Абдулфета Алими.

Гаранцијата на Чавков е 600 илјади евра, на Ѓошевски 434 илјади евра и на Лазаров највисока – 770 илјади евра, целосно во недвижен свој и имот на роднини, а бараат да се бранат од слобода или куќен притвор како поблага мерка.

Инаку, адвокатот на Чавков, Сашко Дуковски, достави до судот извод од катастарот на Халкидики, со кој, како што рече, се потврдува дека екс шефот на БЈБ не поседува вила, што беше една од главните мерки за изрекување на притворот.

-Семејството беше трудољубиво. Извадивме од катастарот на Халкидики документ, јавна исправа од која се гледа дали Чавков има или нема вила на Халкидики, гулабарник или трло, рече Дуковски.

Тој пред судиите рече дека е сигурен оти судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести