Чавков го врати помилуваниот Пуки за командант на Алфите – осомничен од СЈО за „Тортура“

Чавков го врати помилуваниот Пуки за командант на Алфите – осомничен од СЈО за „Тортура“
21.05.16   11:55

Прочитано : 3,653

Print This Article

Старо-новиот министер за внатрешни работи, Митко Чавков експресно, по елиминацијата на Оливер Спасовски, ги враќа работите по старо, односно на принципот МВРО-ВМРО, за кој слушнавме од „бомбите“.

mitko-cavkov-11-670x400[1]

Како што дознава Либертас, Чавков веќе го сменил Примислав Димовски од командант на Алфите и на позицијата го вратил Ивица Анчевски – Пуки.

Се работи за еден од 56-те помилувани од страна на претседателот Иванов, кој, колку што е познато, нема побарано повлекување на аболицијата.

Пуки е еден од осомничените во случајот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство, случај за апсењето на Љубе Бошкоски.

ljube_apsenje_0[1]

СЈО покрена истрага против Сашо Мијалков како нарачател, против Пуки, од позициајата командант на Алфите и уште 6 лица кои го апселе Љубе Бошкоски на 6.6.2011 година. За нив не беше побаран притвор, туку само мерка на обезбедување и забрана за вршење на овластувања за полицајците кои и натаму работат во МВР.

Сега, освен што тој е помилуван, се враќа на старото работно место, да ја води специјалната полицискa единицa Алфа.

Инаку, токму Алфите, под раководството на досегашниот шеф Примислав Димовски асистираа во акциите на СЈО.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести