Буфон- трагичарот на ПСЖ

Буфон- трагичарот на ПСЖ
25.05.19   16:07

Прочитано : 260

Print This Article

Париз, 25 мај 2019 (/) – Францускиот шампион ПСЖ синоќа претрпе длабок пораз од Реимс, а наголем виновник за таквиот резултат е голманот на „принцевите“ Џанлујџи Буфон.

Италијанската голманска легенда, дури трипати ја извади топката од својата мрежа. Првиот гол го прими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо, а вината му се препишува и за третиот гол поради лоша проценка и излегување до половината на теренот оставајќи го голот на парижаните празен.

Џиџи неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите“. ем/ир

Извор: mia.mk

  Категории:
view more articles

Актуелно