Бујар Османи изгубен во бројките?

Бујар Османи изгубен во бројките?

Наспроти тврдењето на вицепремиерот Османи дека со воведување една изборна единица ДУИ би добила два пратеника повеќе, но Албанците би изгубиле 8-10 места во Собранието, симулацијата на изборните резултати од 2016 г. покажува нешто сосема друго – дека партиите на Албанците би освоиле еден мандат повеќе, а ДУИ би изгубила едно место во парламентот
Обидувајќи се да ја одбрани одлуката на ДУИ да поднесе околу 5.000 амандмани на предлог-измените на Изборниот законик со кои се предвидува воведување една изборна единица, вицепремиерот Бујар Османи понуди математичко објаснување што се покажува за сосема погрешно, пренесе 360 степени.

Од изјавата на Бујар Османи за време на еко-акцијата
„Вистина е дека една изборна единица повеќе ѝ одговара на ДУИ. Симулацијата што ја има правено СДСМ е точна дека ДУИ добив два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест изборни единици, меѓутоа истите симулации покажуваат дека вкупниот број на албански пратеници паѓа за осум до десет пратеника. Да, ДУИ добива како голема партија кај Албанците, но вкупниот број албански пратеници паѓа за осум до десет, бидејќи во една изборна единица Донтовата формула ги собира гласовите од помалите партии ги дава на поголемите и така паѓа вкупиот број албански пратеници“, изјави денеска Османи.

Зеќири: ДУИ губи, добиваат Албанците
Повеќемина, меѓу кои и пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири, објавија постови на „Фејсбук“ во кои го негираат тврдењето на Османи.

„За да се уверат граѓаните дека преставниците на ДУИ по дебати ЛАЖАТ оти Албанците со една изборна единица би изгубиле дури 10 пратенички мандати, потребно е само да направат симулација на резултатите од 2016 г. Да беше тогаш Македонија една изборна единица, албанските партии ќе имаа 21 пратеник наместо 20, колку што имаат во моментов … Факт е дека ДУИ ќе имаше 9, а не 10 пратеници колку што има сега, додека трите опозициски албански партии наместо 10 ќе имаа 12 пратеници – напиша Зеќири на „Фејсбук“.

повеќе