Брнс: Законот за обвинителство е клучен за покажување подготвеност за интегрирање во ЕУ

Брнс: Законот за обвинителство е клучен за покажување подготвеност за интегрирање во ЕУ

Амбасадорката на САД, Кејт Брнс денеска порача дека Законот за обвинителство ќе биде клучен за Северна Македонија да покаже посветеност за членство во ЕУ, додека чека почеток на преговорите.


Таа повика да се продолжи со реформите, за да се направат институциите понезависни и да се фокусираат на обезбедување фер избори во април и одржување на добрососедски односи.

-Поспецифично, кога зборуваме за покажување спремност од Сверна Македонија за интегрирање во ЕУ, мислиме на усвојувањето на предлог законот за Јавно обвинителство, со што ќе се докаже во овој критичен момент, посветеноста на Северна Македонија за владеењето на правото и борбата против корупцијата. Ова треба да е над партиската политика. Прашањето на Специјалното јавно обвинителство треба да продолжи. Граѓаните очекуваат и заслужуваат да видат, дека оние што ја злоупотребиле јавната доверба, ќе одговорат и дека правдата е еднаква за сите, рече Брнс.