Британија ќе ги казнува возачите кои не ги гаснат паркираните возила

Британија ќе ги казнува возачите кои не ги гаснат паркираните возила
16.05.19   15:36

Прочитано : 456

Print This Article

Возачите кои имаат навика да ги оставаат запалени моторите додека возилото е паркирано, а тие внaтре чекаат, веднаш да добијат парични казни, препорачува владата на Oбединетото кралство како дел од мерките за намалување на загадувањето.

Општините се заложиле за построги казни, откако сообраќајните полицајци се пожалиле дека, согласно досегашниот закон, можат да го казнат возачот само доколкупретходно го игнорирал предуредувањето да го изгасне возилото.

Секретарот за животна средина, Мајкл Гов, за “Тајмс” изјави дека треба да се размисли за инстант парични казни за повторените прекршители, но истакна дека новите овластувања треба “да се користат пропорционално” од страна на советите.

Казните можат да се движат од 20 до 80 фунти според постоечките прописи. Вестминстерскиот градски совет од 2017 година издал 39 казни за непотребно работење на моторни возила.

Централните лондонски населби побара од владата да дозволи и казнување на компаниите чии возачи во континуитет се фатени со непотребно вклучени моторни возила со парични казни над 1.000 фунти, велејќи дека возачите за испорака и комерцијалните возила биле најчестите прекршители.

-Треба да го смениме начинот на кој луѓето размислуваат за вклучениот мотор – рече претседателот на советот на Вестминстер, Ники Ајкен.

“Откако  разговаравме со повеќе од 20.000 возачи, се покажа дека повеќето возачи  додека чекаат го оставаат возилото запалено од навика. Откако ќе им се укаже на штетата што ја предизвикуваат, вклучувајќи ги и ризиците по здравјето, и од нив се побара да го исклучат моторот, тоа го прават и размислуваат двапати пред истото да го повторат. Казните треба да бидат последно средство – ние повеќе сакаме љубезно да ги замолиме.

Според Вестминстерскиот совет, непотребно вклучениот автомобил за една минута произведува доволно издувни гасови за да наполни 150 балони. Ја повикуваат јавноста да го пријави таквиот возач на нивната веб-страница.

До 18 локални власти во Лондон беа вклучени во таканаречените “акции за вклучени автомобили”, при што се приближуваа кон возачите и побараа да ги исклучат своите автомобили додека се паркирани. Советот на Ислинготн рече 80% од возачите го гаснат возилото ако им се пристапи на пријателски и културен начин.

 

Извор: Гардијан

  Категории: