Британец открил бунар под својот кревет и сега бара скриено богатство

Британец открил бунар под својот кревет и сега бара скриено богатство
8.08.18   21:14

Прочитано : 350

Print This Article

Цели 30 години Колин Стир од Плимут го копа древниот бунар од 16 век што го открил под својата куќа, надевајќи се да дека на дното ќе најде закопано богатство.

Стир (67) со сопругата и децата пред 30 години се вселил во куќата, инаку со потекло од Викторијанското доба во 19 век. Тие веднаш забележале необична нерамнина на подот во дневната. Една ноќ, домаќинот во куќата сонувал богатство, па  тоа го натерало да почне да копа.

Се испоставило дека под нерамниот под се наоѓа стар затрупан бунар, за којшто историски податоци говорат дека е изграден во 16 век, јавува „Дејли Меил“.

Стир во дупката вградил светло и ја осигурал со поклопец. Меѓутоа, потрагата по богатство сопрела кога „авантуристот“ наишол на подземни води. Сепак, тој и натаму има намера да продолжи со потрагата, се дури не стигне до дното.

  Категории: