Брегу: Економскиот раст на Западен Балкан станува тренд

Брегу: Економскиот раст на Западен Балкан станува тренд
15.03.19   16:34

Прочитано : 164

Print This Article

Позитивната економска перспектива на Западен Балкан е недискутабилна, а просечниот раст на БДП во 2020 година се очекува да биде близу 4 отсто.

Ова во Сараево го изјави генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу на состанокот на Бордот на оорганизацијата, која е вид на оперативно тело на земјите на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈЕ), чиј основач е и Република Северна Македонија.

„Регионот бележи напредок и има позитивна економска перспектива. Во претходните неколку години регионот остваруваше непрекинат економски раст, при што аналитичарите се согласуваат дека овој тренд ќе продолжи и среднорочно, а се предвидува дека трендот ќе се зацврсти и дека во 2019 година просечниот пораст ќе биде 3,5 отсто додека во 2020 тој ќе изнесува 3,8 отсто – изјави Брегу.

Таа додаде дека претстојните предизвици ќе бидат се поголеми. „Реално е да се очекува дека програмата за работа на Европската унија ќе има влијание и на процесот за нејзино проширување со Западен Балкан. Истовремено ќе се проверуваат кредибилноста и подготвеноста на Западен Балкан да ги исполни критериумите и да се приклучи кон ЕУ“, рече Брегу.

Одборот бил информиран дека Босна и Херцеговина го презеде претседателството со ПСЈЕ и дека во тек се подготовките Косово да го преземе следното претседателство, соопшти денеска РСС.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести