Бред Пит: Квентин Тарантино обожава да ги соблекува глумиците

Бред Пит: Квентин Тарантино обожава да ги соблекува глумиците

На синоќешното доделување на наградите на американското Здружение на актери во Лос Анџелес, Бред Пит е прогласен за најдобар спореден глумец за улогата „Беше еднаш во Холивуд“. Во говорот, тој откри една тајна за режисерот на филмот – Квентин Тарантино, околу неговиот „фетиш“ да снима женски стапала…

– Би сакал да им се заблагодарам на моите колеги: Лео (ди Каприо), Марго Роби, стапалата на Марго Роби, стапалата на Маргарет Квејли, стапалата на Дакота Фенинг… Сериозно, Квентин обожава да ги собува жените, рече Бред откако ја прими наградата.

Наградата за главна машка улога ја доби Хоакин Феникс, кој истата му ја посвети на својот починат колега Хит Леџер. И двајцата се прославија со улогата на антагонистот „Џокер“.

Наградите за женска главна и споредна улога, отидоа кај Рене Зелвегер за филмот „Џуди“ и Лора Дерн за „Брачна приказна“.

Најдобрата актерска екипа, според американските глумци, ја има јужнокорејскатапродукција „Паразит“.