Бранко Џуриќ Џуро откри што му подари Анџелина Џоли за неговиот 50 роденден!

Бранко Џуриќ Џуро откри што му подари Анџелина Џоли за неговиот 50 роденден!
22.04.19   15:11

Прочитано : 1,108

Print This Article
djuro-620×350

Актерот Бранко Џуриќ Џуро соработувал со Анџелина Џоли во филмот „Во земјата на крвот и медот“, а во емисијата за својот филм зборуваше за познанството со холивудската ѕвезда, но и за нејзиниот тогашен љубовен партнер Бред Пит.

-Шест месеци пред снимањето ми се јави агент од Лондон за да дојдам на состанок, но се уште не ми кажа за што се работи. Ми кажа дека има една голема холивудска ѕвезда која ќе работи на филмот. Го направивме тој состанок, а кога се вратив дома, слушнав приказни дека Анџелина ќе работи на овој филм, па си ги поврзав работите- зборува Бранко Џуриќ Џуро, кој потоа раскажа како лично го контактирала Анџелина Џоли.

Беше тоа преку мејл, на англиски јазик.

-Ми напиша Анџелина: “Драг Џуро, овде Енџи” и така почнавме да го развиваме нашето пријателство. Почнавме да се допишуваме и да соработуваме околу сценариото.- кажува Џуро.

Бранко имаше и пофални зборови за сега поранешниот дечко на Анџелина, Бред Пит.

-Тој беше многу шармантен, скромен и некако срамежлив. Ми ги кажа пцовките од нашите краишта на кои се сеќава од 80-тите кога снимал во Црна Гора. И интересно, ме праша за тие луѓе, статистите и асистентите. Им ги знаеше имињата и ме праша како живеат. Навистина е многу социјално освестен – истакнува Џуриќ и наведува дека Анџелина и Бред се огромни ѕвезди каде и да се појават:

-Кога ќе отидев на пиво со Бред, тој ќе дојдеше со мотор и не ја тргаше кацигата. Пиеше пиво со кацига на глава, само го дигаше и спушташе оној штитник. Се чудев зошто не ја симнува од главата, а тој на тоа ми кажа: “Подобро е да кажуваат: Гледај будали, пијат пиво со кацига!- отколку да ме препознаат.”- кажува Џуро, кој на крајот откри што Анџелина Џоли му поклонила за 50 родеден.

За 50 роденден ми поклони совршена гитара. Таа сака музика. И прстенот кој го имам е од Бред. На гитарата ми напиша посвета: “Мој драг Бранко, ја сакам твојата музика, го сакам се ова”. И морам да признаам дека свирам често со неа на концертите. -завршила Џоли.

  Категории: