Брачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врската

Брачна терапевтка тврди дека изневерувањето може да го подобри квалитетот на врската
11.09.19   11:21

Прочитано : 379

Print This Article

Неверството е нешто преку кое паровите тешко поминуваат, а некои никогаш повеќе не можат да бидат со партнерот што ги изневерил. Други пак се во постојан грч дека неверството повторно се слуува и не можат да си ја вратат довербата во апртнерот/ката што дополнително влијае негативно на нивната самодоверба и спокој. Но, брачната терапевтка Мети Силвер која со години се среќава со парови и изнаоѓа решенија за нивните проблеми, тврди дека изневерувањето може да ги спаси врската и бракот.

Според неа, после неверството врската може да биде и поцврста. Затоа таа ги советува паровите да бидат потолерантни во случај да дојде до ваква ситуација.

Раскинувањето не мора да биде следниот чекор. Напротив, според Силвер:

„Ако го простите неверството и се обидете да сфатите зошто тоа се случило, тоа може да ви помогне да ви станат работите појасни и да добиете одговори на некои прашања за кои не сте разговарале со партнерот.“

„Поентата не е да го обвинувате партнерот, туку неопходно е да разговарате по ваквата ситуација за тоа што го навело на неверство и да размислите како вашата врска би можела да се подобри“, тврди таа. На крајот дополнува и дека „некогаш разводот беше таму тема, а денес тоа е неверството“.

  Категории:
view more articles

Актуелно