Брачен пар од Скопје загина во сообраќајка во Италија, нивното бебе остана живо (ВИДЕО)

Брачен пар од Скопје загина во сообраќајка во Италија, нивното бебе остана живо (ВИДЕО)
12.06.19   14:00

Прочитано : 1,543

Print This Article

Брачен пар од Скопје со привремено живеалиште во Лион, Франција го загубиле животот во сообраќајна несреќа на автопат во Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое во моментот на сударот било на задното седиште останало живо.

Страшната сообраќајна несреќа се случила во три часот по полноќ, на автопатот Пиаценза – Турин, во областа Павија, Италија, каде парот бил на летување, пишува италијански Месаџеро.

Според првичната истрага, 24 годишниот возач Ебубекир Сулејмани е можен причинител на трагедијата како резултат на тоа што заспал зад воланот. Голфот во кој тие патувале бил смачкан под приколката на камион кој бил паркиран во зона за одмарање.

Повредите биле премногу сериозни, јавуваат италијанските медиуми. Од друга страна, бебето кое било врзано во своето седиште во автомобилот кој речиси е целосно уништен практично е неповредено. Исплашено и во плач со хеликоптер било пренесено во болницата Нигуарда во Милано.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести