Бошњаковски: Очекуваме Иванов и сите политички фактори да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за интеграциите во ЕУ и НАТО

Бошњаковски: Очекуваме Иванов и сите политички фактори да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за интеграциите во ЕУ и НАТО
13.06.18   13:03

Прочитано : 150

Print This Article

Владата очекува сите политички фактори во Република Македонија да соберат доволно демократски капацитети и да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, изјави денеска портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, по денешната куса средба на премиерот Зоран заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров со претседателот Ѓорге Иванов и реакциите на опозицијата за договорот со Грција.

– Претседателот на Владата и министерот за надворешни работи беа кај претседателот Иванов. Средбата била кратка. Доставен е документот до претседателот, по што  тој изразил желба веднаш да го напушти состанокот. Очекуваме дека сите политички фактори во Република Македонија ќе соберат доволно демократски капацитети да сфатат дека ова е клучен момент за Македонија и за нејзината интеграција во ЕУ и НАТО, рече Бошњаковски.

Најави дека Владата ќе продолжи конструктивно да се однесува и да ги објаснува бенефитите и позитивните работи кои произлегуваат од договорот што ќе биде јавно објавен по следната седница на Владата, која дополнително ќе биде закажана.

– Владата на Република Македонија има јасно зацртана цел. Се наоѓаме во клучен момент, историски за Република Македонија, за граѓаните, пред нас се наоѓа европерспективата. Очекуваме да станеме триесетата членка на НАТО. Јарболот наскоро ќе биде поставен и очекуваме на него да се вее македонското знаме. Очекуваме сите политички субјекти да бидат свесни, ќе знаат во каква политичка состојба се наоѓаме во моментов, рече Бошњаковски на редовната прес-конференција во Владата.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести