Бошњаковски: Лага е дека мора да се вработат Албанци во општини каде нема 20 отсто албанско население

Бошњаковски: Лага е дека мора да се вработат Албанци во општини каде нема 20 отсто албанско население
17.01.19   16:16

Прочитано : 180

Print This Article

Откако денеска се појавија информации во дел од медиумите дека мора да се вработат Албанци во општините каде нема над 20 отсто од население со оваа националност, Владата го демантираше тоа.

„Лажна е веста на ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се вработат Албанци во општините каде нема над 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Наскоро следи соопштение од Владата на Република Македонија“, напиша портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на Твитер.

  Категории: