Болниците во Штип, Велес и во Гостивар ќе бидат карантин ако се појави Корона

Болниците во Штип, Велес и во Гостивар ќе бидат карантин ако се појави Корона

Министерот за здравство, Венко Филипче, истакна дека Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип ќе биде место за карантин во кој ќе бидат сместени евентуалните заразени патници од Корона вирусот, пренесе Алсат-М.

Како што рече министерот, доколку има патници што треба да се опсервираат, тие ќе бидат однесени во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, а како што додаде, спремни ќе бидат и инфективните одделенија во болниците во Велес и во Гостивар.

– Во зависност од тоа колку луѓе ќе треба да се опсервираат, освен во Клиничката болница во Штип, подготвени ќе бидат и болниците во Штип и во Гостивар. Сепак, апелирам до граѓаните да не патуваат во ризичните области ако немаат итна потреба – рече Филипче.