Богоев: На влезот на Трнодол нема да се градат згради, туку планирани се паркови

Богоев: На влезот на Трнодол нема да се градат згради, туку планирани се паркови
13.08.19   18:20

Прочитано : 934

Print This Article
Градоначалникот на Општина Карпош, Стедан Богоев, на фејсбук реагираше на напис во медиуми според кој на влезот на Трнодол планирани се згради.
-Затоа што вирално се шири непотпишан текст на дел од порталите, дека „На влезот на Трнодол ќе никнат згради“, чувствувам должност да го посочам следново:
1️⃣. Не е точно дека на влезот на Трнодол ќе има зграда, напротив, се предвидува парковско зеленило.
2️⃣. Не е точно дека е загрозена постапката на донесување на ДУП и дека утре ќе биде донесен посочениот ДУП J03 Блок 7.
Утре, од 13:30 часот има Јавна презентација во просториите на УЗ „Кузман Јосифоски Питу“. Објавено е и во дневниот печат, на веб страна, на социјални мрежи, а зелепени се и известувања на соодветниот потег.
Јавната анкета трае до 20 август и сите засегнати граѓани, страни можат да доставуваат анкетни листови.
Ова е само почетна, иницијална фаза од целата постапка на донесување на ДУП-ови.
3️⃣. Категорично одбивам да се става знак на еднаквост меѓу мене и претходникот Јакимовски. Затоа што денеска во Карпош урбанистичките планови се носат во отворена постапка, а информациите не се објавуваат во скриен агол. Денеска во Карпош се бориме да ја заштитиме секоја педа на зеленило, инвестираме во нови паркови и зелени површини додека претходно интерес имаше само за вцртување на нови маркици на јавни површини.
Додека во минатото се збореше „Партизан“ да стане нова зграда денеска имаме постапка за ревитализација на овој објект кој ќе си ја задржи својата намена.
‼️ Не е исто. Тоа го знаат и авторите на непотпишаните текстови или нивните нарачатели.
  Категории: