Богојески: Гоце ќе биде тоа што самиот сакал да биде, а не што сакаме ние денес да биде!

Богојески: Гоце ќе биде тоа што самиот сакал да биде, а не што сакаме ние денес да биде!
12.06.19   09:15

Прочитано : 897

Print This Article

Реформаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Богојески, ги коментира изјавите на бугарската минисерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, и на нејзиниот колега во Владата на Бугарија, министерот за одбрана Красимир Каракачанов, кој изминативе денови инсистираат на ставот дека Гоце Делчев бил Бугарин и дека Македонија треба да го прифати тоа.

 


Богојески нагласува дека не може министрите да ја одредуваат нациналноста на револуционерот и додава дека Гоце Делчев живееше и умре за слободна Македонија.

„Георги (Гоце) Делчев, поголем “душман на европска Македонија” од Германос Каравангелис?!?

Гоце бил Македонец… не, не, Гоце бил Бугарин… изнакажаа глупости и останаа живи!

Кој се министрите во Владите на Македонија и Бугарија, па да кажуваат што и кој бил Гоце?!?

Гоце не живеел пред 3000 години, па да не знаеме… како некни да беше… Гоце сам “ќе си каже” кој бил!!!

1. Да се преведат сите познати и непознати “писанија” од Гоце Војвода и неговите блиски, на литературен македонски јазик и на литературен бугарски јазик! Се тоа да се подели на народ…

2. Да се повикаат живите наследници на Гоце Војвода, да си кажат што аманет им оставил Војводата, во домот свој!!!

3. Да се организира “историска дебата” пред камерите на Македонската и Бугарската национална телевизија, а не зад затворени врати… во просториите на Бугарската Академија, не на Македонската… и да се стави на маса знајното и незнајното за Војводата!!!

Нема бегање од вистината… таа е како шило… врти, врти, ќе излезе на виделина!

Каков е тој однос од Бугарија, ако сакате во НАТО и ЕУ, мора Гоце да биде Бугарин?!?
Дали тоа значи, ако беше обратно, Македонија во НАТО и ЕУ, а Бугарија апликант, дека Гоце ќе мораше да биде Македонец?!?
Бог да чува и да брани!
Гоце ќе биде тоа што самиот сакал да биде, а не што сакаме ние денес да биде!

Ниту Бугарин, ниту Македонец ќе биде… коските во гроб се превртуваат од слепилото на неговите чеда низ Македонија и Бугарија!

Срам и арам и за едни и за други!!!

А пак јас знам само едно…
Гоце Војвода, живееше и умре за слободата на Македонија!“, напиша Богојески.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести