Блуз мутне воде

Блуз мутне воде
9.10.19   20:57

Прочитано : 1,180

Print This Article

Фејсбук статус на Замир Мехмети:

Откако се отвори една од најголемите афери во последно време со прилично несреќно име “рекет” во јавноста циркулира скептичност за начинот на кој се води и потенцијално ќе се разреши оваа афера. Под премисата “сите се исти” се креираа холивудски сценарија за тоа како “ситните риби” ќе го јаделе дебелиот крај додека извесни “крупни риби” ќе излегеле од оваа афера нечепнати од правниот систем и без одговорност.

Во меѓувреме Специјалната јавна обвинителка станува осомничена и оди во притвор. Дел од јавноста како по обратна логика станува уште поскептична и обвинува а и пресудува дека ова е само диверзија со која не залажуваат повторно за интересите на извесните “големи риби”. Одново мантрата “сите се исти”.

Денес Фросина Ременски, актуелен потпретседател на собрание и висок функционер на сдсм станува осомничена во дел од истрагата поврзана со овој случај. Премиерот најавува оградување од неа со привремено нејзино отстранување од партиските функции а веројатно ќе биде побарано од неа и да го врати мандатот во собрание.

Се сеќаваме сите, не многу оддамна кога албанци од Серава го бркале Диме Спасов и во таа смисла некако ми се чинат малициозни коментарите дека сите се исти. Проблемот не е во критиката туку во опасноста од таа теза која подразбира комплетно расипана и неконструктивна перцепција и проценка. Имено, непрепознавањето на фактите дека екс специјалниот обвинител и потпретседателот на собрание се “големи риби” го оневозможува и неразликувањето на чесни од криминалци. Со тоа сериозно е компромитирана јавната оптика со која било што се проценува и расудува.

Да не запаѓаме во замката на расипаната лента од белата палата чија единствена и најголема цел е изедначување на режимот со оваа влада. Така наместо “добри” и “лоши” во двата табори имаме “сите се лоши” и тоа е “новото нормално”, а знаеме дека на тој терен они играат најдобро.

Епа не може! Не им помина фората, таа вмровска дистопија да ни биде “нормална” кога беа султани на Македонија, нема да им помине ни сега.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести